Ахмети се сретна со заменик-амбасадорот на САД, Блум и амбасадорот на ЕУ, Жбогар
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска се сретна со заменик-амбасадорот на САД во Скопје, Микаела Швајцер Блум и со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.
ДУИ соопшти дека на заедничката работна средба која се одржала во просториите на Американската амбасада во Скопје, Ахмети и соговорниците разговарале околу натамошното развивање во однос на формирањето на новата реформска влада. Ахмети го повторил ставот дека Демократската унија за интеграција целосно е посветена во спроведувањето на бараните реформи од страна на меѓународната заедница, интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, добрите меѓуетнички односи, но и економскиот развој и отварањето нови работни места.
Од ДУИ информираат дека првите чекори што ќе ги преземе новото парламентарно мнозинство се решавањето на застојот во локалната власт, како и укинувањето на екстерното тестирање како две непосредни прашања.
Ахмети истакнал дека 16 години од неговите активности во рамки на ДУИ, никогаш немало разочарување во пријателските и добронамерните ставови на меѓународната заедница. - Затоа и побара помош од страна на САД и ЕУ за да ги надминеме предизвиците пред нас и да помогнат за побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и Европската унија, стои во соопштението од партијата.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците