Македонија
28. December 2019 - 11:09

Ахмети пушти во употреба сензорска училница за деца со посебни потреби во скопското училиште „Лирија“

По сензорската училница во О.У. „Хасан Приштина“, Претседателот Ахмети продолжи со промоција на проектот за грижа за секое дете како и инклузивното образование, отворајќи ја следната сензорска училница за децата со посебни потреби, овој пат во О.У. „Лирија“ во Скопје.

Претседателот Ахмети подржан од локалната власт, но и соработниците и локалните претприемачи продолжува со придонесот во сензибилизација на јавноста и поттикнување на коректниот третман на децата со посебни потреби во нашето општество.

Проектот за создавање на услови за вклучување на сите деца ќе продолжи и во другите училишта.