Македонија
13. August 2020 - 16:43

Ахмети остана сам, албанските лидери не дојдоа, ова го толкува како јакнење на позииците на Заев

Лидерот на ДУИ остана сам на маса , не дојде ниту еден поканетите лидери на партиите од албанскиот блок. Ваквиот потег Ахмети го оценува како зајакнување на позициите на Заев. Тој им порача дека ДУИ е фактор на стабилност во државата и победник на изборите. На средба со нив сакал да разговараат за заедничките цели во политиката.

Ахмети не е на лош пат во преговорите за Влада со СДСМ, лидерска ќе има и попладнево. Очекува да слушне силни аргументи од Заев зошто не треба да има премиер албанец. Остануваат на ова барање а за моделот ротирачки премиер вели дека не сака да ја оптоварува јавноста со шпекулации. Ахмети порача во тек се преговори а не тргување.

За лидерот на ДУИ не прифатлива е евентуална коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и порача дека тоа може да доведе до дестабилизација. Ахмети порача дека опструкциите не се добри за земјата и смета дека не е добро да се оди на нови предвремени избори.