-->
-->
Ахмети-Незири: Какви луѓе се осомничените, дали убиените имаат роднини во полиција
-->
На 4 ноември продолжува судењето за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, со читање на СМС комуникација и разговори од „бомбите“, докази предложени од Обвинителството.
На денешното рочиште за „Монструм“ во еден од аудио разговорите што беа пуштени, лидерот на ДУИ Али Ахмети го прашува Сафет Незири за информации за уапсените за кои за двајца вели дека се добри луѓе додека за еден дека е бандит. Ахметии го прашува Незири дали петтиот убиен (рибарот) е во роднинска врска со сопственикот на езерото, а тој му вели не, тику само се познавале и дека момчињата немале блиски роднини во МВР.
Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите