Македонија
5. јуни 2019 - 16:10

Ахмети не сака да ги слуша бомбите, за ДУИ се незаконски

Бомбите на Ел Чека за ДУИ се незаконски материјали чие објавување е казниво со закон. Лидерот Ахмети на прославата по повод 17 години од основањето на ДУИ, рече дека не ги слушал снимките но од она што му го кажале пријателите, станувало збор за утринска слана која брзо ќе ја снема бидејќи во нив немало ништо освен неврзани приватни разговори. Ахмети пред членството порача дека на потег е судството коe мора да се справи со овој случај.
Ахмети денеска одби да даде изјава за медиумите. Наместо него, ставовите ги повтори поранешниот министер за правда.

Во врска со најавената метла на премиерот Заев, Саљији не сакаше да открива детали. Рече дека лидерите разговараат на оваа тема и дека тие ќе ја донесат одлуката.