Македонија
27. September 2018 - 15:39

Ахмети: На 30 септември е последната шанса да обезбедиме сигурна иднина за новите генерации

Нашиот глас на 30 септември е глас на секој од нас за мир, одржлива  безбедност и стабилност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за постабилен регион, за владеење на правото и правна држава, економски развој, поголеми домашни и странски инвестиции, за општествена благосостојба. Триести септември е последната шанса на нашата генерација за да обезбедиме  сигурна иднина за нашите деца и новите генерации.

Ова го вели лидерот на ДУИ Али Ахмети во отвореното писмо до граѓаните на Македонија на крајот од кампањата за референдумот.

- На крајот на кампањата за референдумот што почна пред речиси три децении, со нашата определба за интеграција во НАТО и Европската Унија, дозволете ми, да Ви се обратам повторно во врска со важноста на вашиот глас на 30 септември.

30 септември од 2018 година нема да се повтори!

30 септември е последната шанса на нашата генерација за да обезбедиме  сигурна иднина за нашите деца и новите генерации.

На 30 септември се зацртува линијата помеѓу минатото и градењето на иднината, меѓу регресот и прогресот, меѓу интеграцијата и изолацијата, меѓу истокот и западот! 

30 септември не сплотува, Албанци и Македонци, Турци и Роми, Власи и Срби, заедно со сите други за реализација на нашиот заеднички сон за Евроатланска Македонија!

Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Парис, Рим, Виена, и сите западни демократии, како што беа до нас во последните две децении, и денес се построија во поддршка на нашата исправна одлука на 30 септември!  

Нашиот глас на 30 септември е глас на секој од нас за мир, одржлива  безбедност и стабилност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за постабилен регион, за владеење на правото и правна држава, економски развој, поголеми домашни и странски инвестиции, за општествена благосостојба!

Малку генерации имаат можност да донесат вакви храбри и важни одлуки за тие што ќе се родат после нас, и ние имаме историска одговорност на 30 септември  да го направиме потребниот чекор и да гласаме „ЗА„ интеграција во Северноатланската Алијанса и Европската Унија!

 

На 30 септември, нема губитници, има само победници!

 

Нашиот глас на 30 септември е клучот кој ќе ги отвори вратите не само за НАТО и ЕУ, туку и за подобар живот за сите нас! 

 

Во ова заедничка борба ќе победиме, затоа што сме убедени дека граѓаните ќе донесат исправна одлука ЗА Европска Македонија, вели лидерот на ДУИ Ахмети во отвореното писмо.