Македонија
27. February 2016 - 13:48

Ахмети му го честита изборот на Тачи за претседател на Косово

Лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети му го честита изборот на Хашим Тачи за претседател на Република Косово.

- Република Косово е земја со која Република Македонија е потписник на најголем број на билатерални договори, а неодамна ја ратификувавме Спогодбата за преминување на граничниот премин само со лични карти и отворање на нов граничен премин. Со вас, како Претседател, јас сум длабоко убеден дека нашата соработка ќе се унапреди и понатаму во заемна корист на нашите граѓани и на регионот, стои во честитката на Ахмети.

Собарнието на Косово синоќа со 70 гласови „за“ го избра Хашим Тачи, досегашен вицепремиер и шеф на дипломатијата, за нов претседел на државата. На оваа функција тој ќе остане до 2021 година.