Македонија
4. November 2015 - 17:22

Ахмети: Итно спроведување на договорот од Пржино

ДУИ деновиве ги претставила своите ставови пред лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ околу итноста за заклучување на договорот од 2 јуни барајќи од нив да се размислува за државата и граѓаните, а не за партиите. 

Ова го истакнал лидерот на партијата Али Ахмети на денешната средба со Џани Питела, претседател на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент, Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалистите и демократите, како и поранешниот известувач на Парламентот за Македонија, европратеникот Ричард Ховит. 

- ДУИ го ревидира својот пристап, и покрај фактот дека ние сме конструктивен дел и придонесувач за постигнувањето решение и сметаме дека Договорот нема алтернатива. ДУИ постојано помага во решавањето на отворените прашања и е партнер на меѓународната заедница, но одговорноста треба да ја поделат и македонските партии. Спроведувањето на договорот овозможува враќање на евроатланската агенда, која е апсолутен приоритет на граѓаните особено на Албанците, рекол Ахмети на средбата.

Европратениците, како што се наведува во соопштението на ДУИ, ја оценија улогата и посветеноста на Ахмети во постигнувањето на договорот и за конструктивните ставови на ДУИ и побараа строго спроведување на договорот за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.