Aхмети: Имав понуда да се подели Македонија
Претседателот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети вели дека порано му била понудена поделба на Македонија врз етнички линии, но дека ја одбил таквата понуда.
Тој во интервју за „ABC News“ изјави дека неговата партија нема да прави коалиција со ниту една друга албанска или македонска политичка партија и на изборите ќе излезат сами.
„Секоја поделба на оваа земја ќе биде штетно, многу штетно за Албанците, но и за Македонците. Оти не може да се поделат работите како со нож. Ќе имаше малцинства и таму и ваму. Ќе се отвореа нови рани. Ние не прифативме поделба на Македонија. Јас сум им кажал и на македонските политичари дека оваа држава е моја, колку што е и нивна. Сакам да ги имаме нашите симболи и јазик. Ние ги постигнавме овие цели. Имаме универзитет, јазик во Собрание и институции и наши симболи“ – истакна Ахмети.
Во интервјуто вели дека понудата за поделба му ја нуделе високи функционери.
Во 2014 година Ахмети во интервју за албанкстаа телевизија Клан рече дека поделбата на Македонија му ја нудел поранешниот македонски премиер, Љупчо Георгиевски, во времето додека Ахмети беше дел од ОНА во 2001 година. На маса биле Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, и Липково, кажа тогаш Ахмети. Според овој план, како што објасни тогаш, 60.000 Македонци би биле иселени од овој дел на Македонија, кој би се споил со Албанија.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено