Македонија
25. March 2023 - 16:36

Ахмети, Груби и огнените на иста маса во Мала Речица

Т.н. „Европски фронт“ единствена точка на Централното претседателство на ДУИ. Партијата по состанокот излезе со став дека е потребно единство на проевропските сили во државата за да не се загуби моментумот за забрзана интеграција на регионот. Османи смета дека е лага секое убедување на граѓаните дека постои алтернатива на ЕУ која ќе донесе подобар живот.

-Сметаме дека е ургентно неопходно да се соберат во еден заеднички фронт сите проевропски сили за да се направат суштинските исчекори, бидејќи ако испошти овој моментум можеме да влеземе во сериозна ситуација на изолација. Унанимни беа ставовите на сите членови на Претседателството дека важен е овој фронт, дека ова е единствена платформа за да се концентрира европската енергија на општеството, рече Бујар Османи.

На состанокот присуствуваа и „Огнените“, но нивните барања за разрешување на Артан Груби од партиските и државните функции не беа ставени на дневен ред. ДУИ следната  ќе има посебен состанок каде ќе се разговара за поделбата во партијата на Грубисти и Огнени.

Груби, барем во јавноста не покажува дека е загрижен од фракцијата, па отиде дотаму што рече дека не верува оти се уште постојат „огнените“.

Лидерот на партијата, пак, вели дека ДУИ не е формирана за поделби туку да креира нови работи.

И додека Груби не верува во „огнените“, тие денеска пред почетокот на состанокот го обвинија за политичка елинимација на сите што мислат поинаку од него. Велат дека последните разрешувања доаѓаат од гневот на Груби, кој сака да направи поделеност меѓу сопартијците, додека фракцијата сака демократизација на ДУИ.