Ахмети: Го сакаме нашиот дел за кој сме пролеале крв
Наместо да се радуваат, другите се налутија и се разочараа. Наместо да ја поздрават тие ја исмеваат. Ние знаеме дека кога се вознемируваат другите имаат голема мака, но, не треба толку да се грижат затоа што со премиерот Албанец ќе се зголеми лојалноста на Албанците кон државата, со премиерот Албанец ќе се зајакне интегритетот и суверенитетот на државата, ние не го земаме делот на другиот бидејќи никогаш не сме сакале нешто што не било наше, туку нашиот дел за кој сме пролеале крв, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Куманово.
Во продолжение на неговиот говор пред граѓаните на Куманово рече дека е загрижен од македонските политичари, но и од претседателите на албанските политички партии кои реагираа за идејата на премиерот Албанец во Македонија.
– Нашите сограѓани Македонци ме разочараа бидејќи веднаш се исшлашија од идејата за премиер Албанец истакнувајќи дека Албанец не може да биде премиер во РМ. Од дедо и прадедо со документ ни ја оставија земјата и заедно со Сонцето ние сме тука и никој не може да негира едно легитимно право кое самиот Господ го познава. Како можеше да се избере претседателот на Собранието Албанец и токму тие говореа дека не може да стане, министерот за одбрана Албанец, министерот за внатрешни работи Албанец, претседателот на Врховниот суд Албанец, и ништо лошо не ѝ се случи на оваа земја, напротив процесите се движат напред, Европа е Европа на различностите. За следниот мандат гледам многу ветувања, но за тој мандат треба една работа да ветува македонската страна, дека ова земја
ќе стане членка на Европската Унија и за членство на нашата земја во европското семејство треба да се направат длабоки реформи во правото, да се спроведе ветинг, да се бориме против криминалот и корупцијата и ова може да го направи еден премиер Албанец – истакна Ахмети.
На крај од неговиот говор, Али Ахмети рече дека ДУИ гледа изградени вредности, вредности кои знаат да менаџираат и да управуваат, затоа се бара целосна албанска поддршка во Република Македонија и на другите заедници, иако порано не е кажано и не е негирано дека со наша издвоена победата на националната борба и тие ги добија нивните права.
Ново на Сител
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто