Ахмети: „Бомбите“ на Ел Чека - „утринска слана“ што брзо ќе ја снема!
Ниту сум ги слушнал, ниту пак, ќе ги слушам, рече денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети запрашан за коментар околу прислушуваните телефонски разговори што деновиве се објавуваат на социјалните мрежи, пренесува АлсатМ. Првиот човек на алтернативците додаде дека од пријатели дознал оти станувало збор само за „утринска слана“ што брзо ќе исчезне, односно дека во нив немало ништо официјално туку само неврзани разговори. Ахмети додал дека судството треба да се справи со случајот.
Изминатиов период корисник на социјалната мрежа „фејсбук“, со прекар „Ел Чека“, предупреди дека ќе продолжи со објавување на нови „бомби“, најавувајќи дека ќе има уште „пострашни“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, како што ветуваше ДУИ. Toj тврди дека нелегално прислушуваните материјали ги има добиено токму од т.н. Кумановска група, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.
Во една од своите објави на фејсбук Ел Чека пишува дека во консултација со адвокат ќе ги објави сите материјали коишто ги поседува и оти потоа фајловите ќе ги испрати до ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората