Македонија
31. December 2017 - 16:19

Ахмети: 2018-та е клучна

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до сите граѓани по повод Нова година.

- Имам посебна чест да ви честитам на сите вас и вашите ценети семејства со најискрени честитки за здравје, благосостојба и успех во 2018 година. Годината пред нас е клучна година и многу значајна за нашата земја и за земјите од Југоисточна Европа, вели Ахмети во честитката.

2018-та година, посочува тој, нека ни донесе исто така, афирмативни, надежни и конкретни стратегии на проширувањето од страна на Европската Комисија, позитивен извештај за напредокот со безусловна препорака и датум за почеток на преговорите, но  уште поважно, покана за членство во НАТО.

- Нас ни преостанува да се соединиме и да ги решиме домашните задачи без никакви одлагања во конструктивен и пријателски дијалог со соседите, затоа, да си ги засукаме ракавите и да ги оствариме нашите определби. Честитки и се најдобро, стои во новогодишната порака на Ахмети.