Живот
7. March 2016 - 15:08

Ах, тој лош здив: Решете го овој проблем на природен начин!

Темелното четкање на забите, користењето на конец и чистење на јазикот понекогаш не се доволни за свеж здив. Обидете се со сосема природни производи.
 
Нане

Ако одгледувате нане, само откинете едно ливче и џвакајте го. Ова е едно од најстарите природни средства да го неутрализирате лошиот здив. После џвакањето не мора да го плукате, нането е здраво.

Лимон

Со рибата во ресторан обично се декорираат и неколку парчиња лимон. Изедете најмалку едно парче лимон за да омекне мирисот од рибата. Во друга прилика можете да порачате минерална вода со парче лимон или пак да земете бонбони за освежување на здивот со вкус на лимон. Лимонската киселина моментално ќе ги неутрализира непријатните бактерии.

Каранфилче

Каранфилчето содржи благо етерично масло со исклучително пријатен мирис, па се користи и како освежувач на здивот и како лек за забоболка.

Магданос

Магданос и други билки Со џвакање на неколку ливчиња на магданос се испушта масло кое го освежува здивот. Истиот ефект се постигнува со болилек и рузмарин

Сода бикарбона

Она што сигурно го имате во вашата кујна и ќе ви помогне да го отстраните лошиот здив е сода бикарбона. Разредете една лажича во чаша вода и промешајте во устата.