Фудбал
9. October 2015 - 17:18

Агуеро надвор од теренот околу еден месец

Играчот од нападот на Манчестер Сити и репрезентативец на Аргентина Серхио Кун Агуеро се повреди за време на синоќешниот дуел против Еквадор од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година – зона Јужна Америка. 
Агуеро на теренот мина 22 минути и потоа беше заменет со Карлос Тевез. Тој ја повреди задната ложа и во текот на денешниот ден ќе му бидат направени детални медицински прегледи за да се утврди тежината на повредата. Првите проценки се дека паузата ќе биде околу еден месец. Ова за Агуеро е втора повреда во оваа сезона.
Аргентинецот сигурно нема да биде во комбинација за следниот натпревар на својата селекција против Парагвај за три дена.
Инаку, Агуеро во последното коло од Премиер лигата за Манчестер Сити постигна пет голови во триумфот на неговата екипа од 6:1 над Њуксал. На 17.октомври „граѓаните“ ќе играат против Бурнемут, најверојатно без Агуеро во составот.