Бизнис
2. October 2018 - 19:43

Агрокомората бара поголеми субвенции

Земјоделците бараат европски субвенции. Грантови од 30 до 90 проценти за преработувачките капацитети. Велат  дека клучот за развој е во големите произведувачи. Немаат ништо против финансиската  подршка што се дава на малите фармери иако сметаат дека е ниска .

Причината за забавениот раст во секторот ја лоцираат во постојаната миграција село- град, климатските промени, недостатокот на современа технологија  и во високата цена на репроматеријалите и нафтата.

Велат дека не е логично  и тоа што македонката пченица е добра за извоз, но не  и за домашната мелничка и праработувчка индустрија. Поради тоа брашно се увезува од Србија. Преработувачите пак тврдат за нив не е важно до каде доаѓа производот туку со каков квалитете е тој.