Македонија
4. March 2019 - 22:47

Агресивно се однесувал: Малолетник спречен да побегне од воспитна установа

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Елисие Поповски Марко“, во Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение - Организациона единица Капиштец, 14-годишен штитеник на установата агресивно се однесувал кон воспитувачите и оттурнал еден од нив сакајќи да ја напушти установата, но бил спречен во намерата. Се работи на расчистување на случајот.