Ракомет
3. April 2016 - 19:46

Агресивната одбрана ја донесе високата победа

Женскиот ракометен шампион на Македонија ЖРК Вардар во првото четвртфинале од Лигата на шампионите синоќа во Скопје убедливо го совлада норвешкиот тим Ларвик со 34:20. Оваа предност секако на „вардарки“ им дава големи шанси пред реваншот и секако можност за пласман на уште еден „Ф4“ турнир во Будимпешта.
 
- Честитки за девојките одиграа како што се договоривме. И пред почетокот на натпреварот знаевме дека само силната и агресивна одбрана ќе биде клучот на дуелот. Така и игравме и видовте дека Ларвик вториот гол го постигна во 17. минута. Игравме одлично, а ја имавме и феноменалната Лејно на голот. Но, ова е само првиот дел и не смееме да се опуштиме. Одиме на победа и на гости, изјави по натпреварот тренерот Индиракастратовиќ.
 
Реванш натпреварот се игра на 10 април (недела) со почеток во 15:30 часот.