Македонија
31. July 2018 - 16:21

Агенцијата за медиуми ги повика медиумите професионално и непристрасно да известуваат за време на референдумот

За референдумот медиумите да известуваат како и за избори, иако со закон не се предвидени прецизни правила. Агенцијата за медиуми издаде нацрт препораки и најави мониторинг на медиумите. Ќе може да се објавуваат анкети, да се пренесуваат ставови но не смее да се фаворизира една од страните. Референдумски молк настапува 48 часа пред одржување на гласањето. До 17 август засегнатите страни ќе можат да испраќаат забелешки и предлози.

Според првиот човек во агенцијата последните измени на Изборниот законик се спротивни на неговите постојни одредби. Агенцијата бара од политичките партии да се договорат кој од двата члена со кои се забранува а истовремено и се дозволува емитување реклами платени од буџетски средства ќе се укине.

- Во член 75 од Изборниот законик наведена е забрана за емитување реклами финансирани од буџетот на државно ниво, локалните самоуправи и на град Скопје. Со сега усвоените измени се предвидува на некои идни избори, дали претседателски, парламентарни или локални, платеното политичко рекламирање да се плаќа од буџетот. Овие два члена се меѓу себе контрадикторни и таквиот закон не е применлив

На 30 септември граѓаните ќе гласаат Дали се за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.