Бизнис
13. October 2016 - 19:56

Агенцијата за катастар од почетокот на годината решила 43 илјади предмети на граѓаните

Од почетокот на оваа година заклучно до месец септември охридскиот катастар има решено преку 43 илјади предмети на граѓаните во законските рокови. Градот наскоро ќе добие и дигитални катастарски планови за целата територија истакна директорот на агенцијата за катастар на  недвижности Трпески на отворените денови кои деветта година по ред се организираат низ државата.

Најчестите поставувани прашања од страна на граѓаните се проблемите настанати од авионското снимање .

Агенцијата за катастар воведува и  една новина во однос на отворените денови на катастарот а тоа е посебен ден за компаниите .