Агенцијата за филм потпиша неколку договори за регионална и европска соработка
Директорот на Агенцијата за филм на Македонија Горјан Тозија и директорката на Бугарскиот филмски центар Жана Караиванова денеска во Кан го усогласија и го потпишаа текстот што ќе биде основа за да се потпише и да стапи во сила Договорот за копродукција на аудиовизуелни дела и меѓусебна соработка меѓу двете земји на полето на филмската уметност.
На потпишувањето присуствуваа филмски продуценти и режисери од двете земји, кои, како што наведува Агенцијата, долго време ја очекуваа оваа спогодба за да можат да ја олеснат и да ја продлабочат соработката.
Пред три дена, на 13 мај, во рамки на Канскиот филмски фестивал, Агенцијата за филм потпиша договор за соработка и со филмската институција од Косово со Арбен Зарку, а почна и разговори за потпишување на договорот со Мишел Плазанет од Centre national du cinema (CNC).
Остварени се и контакти со „Телефилм Канада“ со кои исто така ќе се верификува соработката меѓу двете кинематографи.
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче