Бизнис
7. November 2018 - 10:49

Агенција за млади и спорт ќе купува 5 монтажни лизгалишта

Владата на вчерашната седница ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да набави пет монтажни лизгалишта за неколку градови во Македонија.
 
„Агенцијата за млади и спорт е задолжена да обезбеди 5 монтажни лизгалишта и во согласност со Законот за јавните набавки да спроведе постапка за јавна набавка, како и да подготви интерен акт во врска со условите, користење и одржување на монтажните лизгалишта од страна на корисниците“, соопшти владината прес-служба.
 
Во моментов во Македонија има само едно лизгалиште, она во рамките на СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.