Агенциите го намалија кредитниот рејтинг на Турција
Агенцијата „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на „Б плус“ наведувајќи дека падот на вредноста на лирата ќе доведе до послаба економија следната година.
– Значителното намалување на лирата има негативни фискални димензии и во исто време врши притисок врз корпоративните биланси и притисокот врз домашните банки станува се поголем, се наведува во соопштението на „Стандард енд Пурс“.
Агенцијата прогнозира дека Турција следната година ќе влезе во рецесија.
– Во следните четири месеци инфлацијата ќе достигне до 22 проценти, а во средината на 2019 година ќе се намали до под 20 отсто, посочува агенцијата за кредитен рејтинг, додавајќи дека реакцијата на турската Влада е „ограничена“.
И агенцијата „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на „Ба три“, истакнувајќи дека условите можат да предизвикаат инфлација.
– Главен двигател на падот е континуираното слабеење на јавните институции во Турција, како и намалувањето на предвидливоста во креирањето на турската политика, истакнува „Мудис“.
Агенцијата изразува загриженост поради независноста на Централната банка на Турција, која не ги зголеми каматните проценти, како и поради недостиг на транспарентност на плановите на Анкара за справување со неодамнешните финансиски потреси.
– Тоа најверојатно ќе доведе до поголема инфлација и ќе го зголеми ризикот за платежниот биланс, потенцира „Мудис“.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти