Македонија
23. March 2023 - 16:31

Агелер со нов повик за справување со корупцијата

Во Македонија е потребно искрено лидерство во борбата за справување со корупцијата – американската амбасадорка Ангела Агелер со нова директна порака до македонските власти, откако Стејт Департментот нотираше висок степен на владина корупција за минатата година. 

Агелер потенцира дека и покрај бројните инвестиции не е направено многу во борбата со корупцијата.

Правосудниот систем е најслабата карика во борбата со корупцијата и организиран криминал, тврди вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска. Според неа, додека се преговара со криминалци и некој може да си ја купи слободат, ќе се продолжи со дерогирање на општеството.

Без да открие кои се функционерите кои се најдоа под лупа на нејзиниот кабинет за злоупотреба на функцијата, Грковска потврди дека за две од трите постапки против високи функционери веќе имало покренато кривични пријави и очекува обвинителството да ги процесуира. Третата се уште е во тек.

Премиерот пак ги повика институциите да ги применуваат забелешките од извептајот и да работат на спроведување на реформите. 

За опозицијата извештајот на Стејт Департментот е потврда за владата на СДСМ И ДУИ е криминогена. Според ВМРО-ДПМНЕ, поради високиот степен на криминал и корупција во кои се вклучени директно владините челници, Македонија го доби најкритичниот извештај.

Очигледно е дека не само граѓаните, туку и САД смета дека владата на Ковачевски, Ахмети, СДС и ДУИ е најкорумпирана влада во историјата на Македонија. Дополнително, Стејт Департментот рагира дека во државата недостига одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани врз новинари. Извештајот на Стејт Департментот е само уште еден во низата меѓународни фактори кои јасно потенцираат на криминалот на власта.

Од Алтернатива пак предагаат уставен амандман за ревизија на сите правосудни постапки за поранешни или сегашни избрани и именувани лица, кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност.

Како дел од државната стратегија за борба со корупцијата, на иницијатива на вицепремиерката Грковска беше потпишана Декларација на жени лидери за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа.