Агелер: Пратениците треба да гласаат за да има напредок, санкциите се ефикасни
Aмбасадорката на САД, Ангела Агелер денеска од Гостивар порача дека уставните измени треба да се усвојат за земјава да се придвижи напред. Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок.
- Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграции и пристапување кон ЕУ, рече Агелер на панел дискусијата во Центарот за млади во заедницата.
Прашана за санкциите Агелер посочи дека тие се ефикасни.
- Санкциите ќе поттикнат подобро однесување и ќе ги натераат избраните функционери, наставниците и здравствените работници да постапуваат правилно како и да си ја вршат работата со интегритет. Сфативме дека санкциите без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени можат да бидат многу ефикасни и обврзувачки. Тие ги тераат луѓето да бидат многу попретпазливи отколку што биле бидејќи санкциите на САД се сериозни и може да имаат долготрајни последици, посочи амбасадорката на САД, Агелер од Гостивар.
Ново на Сител
-
Струјата во второто полугодие лани поскапела за 12,6 отсто
-
Спасовски за дојавувачите на бомби: Има група, кога ќе имаме докази ќе има и кривична
-
Петти ден на протест вработените во Министерствтото за култура
-
Арсовска бара поддршка од советниците за еко-автобусите
-
Стефковски: Барам Град Скопје да ги врати старите имиња на улиците во Гази Баба
-
Кинеското министерство за одбрана: Кина е подготвена да соработува со Русија за воените прашања
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ја отстапат реконструкцијата на Универзална сала на Владата
-
За викендот времето ќе биде променливо облачно и топло