Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2019 - 15:42

Африкански Куп: Вечерва стартува фудбалскиот шампионат на Африка

 
 
Вечерва во Египет стартува 32-то издание на Африканскиот фудбалски Куп на нациите. 
 
За прв пат африканскиот шампионат ќе брои 24 репрезентации, наместо 16 како што тоа беше случај досега, а воедно за прв пат првенството се игра во летниот, наместо во зимскиот период. 
 
Покрај бранителот Камерун, главен фаворит за шампионскиот трофеј ќе биде и домаќинот Египет предводен од својата прва ѕвезда, Мохамед Ел Салах. Впрочем и овие две репрезентации играа во финалето пред две години. 
 
Нивни  конкуренти за највисок пласман се и селекциите на Гана, Сенегал и Брегот на Слонова Коска
 
Како што е пракса, првенството ќе го отвори домаќинот Египет кој во дуел од А групата кој ќе се игра во Каиро, за противник ќе ја има селекцијата на Зимбабве