Фудбал
25. January 2017 - 10:41

Африка ќе има нов фудбалски шампион

ДР Конго и Мароко од Ц групата се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот Куп. Групата не успеа да ја мине бранителот на титулата репрезентацијата на Брегот на Слонова коска која загуби од Мароко со 1-0.
 
ДР Конго беше аутсајдер пред почетокот на првенството, а со победата над Того 3:1 ја осови првата позиција во групата.
 
Кабананга го постигна првиот гол, негов трет на шампионатот, потоа Ндомбе зголеми на 2:0, а До Лаба намали на 2:1. Конечниот резултат го постави Ебунге од слободен удар.