Loading Video...
Македонија
14. July 2017 - 18:01

Афера Венера Кемаловски: Надлежните пуштиле инспекција, проблемот е со постар датум

Утврдени се неправилности во работењето на агенцијата Венера Кемаловски. По објавениот скандал за измамени студенти и граѓани надлежните најавија  расчистување на случајот.  Последниот инспекциски надзор на работењето во агенцијата е направен на 5 јули кога и е изречена  казна за неправилно работење.

 „Инспектори од Државниот инспекторат за труд, кои од вчера на терен го истражуваат пријавениот случај за измамени студенти од Агенцијата за посредување при вработување во земјата и во странство со наплата „Венера“ Битола, утврдиле одредени прекршоци. Јавноста ќе биде известена во понеделник за сите детали, откако ќе биде комплетиран извештајот од инспекцискиот надзор, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.“

Вондредни инспекциски надзори биле правени и порано и тогаш биле утврдени неправилности во работењето, но од Министерството велат дека претходните министри не постапиле согласно со наодите од утврдената фактичка состојба.

Ресорната министерка вели ќе постапат по сите поднесени претставки, но случајот ќе мора да се решава  судски вели Царовска.

Според регистерот на МТСП агенцијата е регистрирана пред 8 месеци во Штип. Останатите канцеларии не се забелажани во регистарот.

По неколку обиди денеска конечно успеавме да го добиеме управилетол на агенцијата Емран Кемаловски на неговиот мобилен телефон. Според него целиот случај е масло на конкурентска фирма. Тврди дека до сега успешно работеле веќе 5 години. Кемаловски за Сител демантира дека агенцијата измамила некого и тврди дека има документ со кој ќе докаже дека парите кои апликантите ги уплатиле им се вратени. Вели фискални за аванс не се издаваат па затоа и студентите не  добиле таква потврда за уплатата.

Пред канцеларијата на Венера кемаловски во Скопје протестираа група студенти кои требало да заминат во Германија уште на 15 минатиот месец. Се јавија и голем број измамени студенти и граѓани кои не добиле никаков одговор зошто не се повикани на работа иако им било кажано да извадат визи. Летово наместо на работа, останаа дома и без пари велат пред камерата на Сител.

 Скандалот со измамените студенти се уште не е расчистен.  Доколку се утврди вистинитоста на изјавите на оштетените,  Агенцијата може да остане без лиценца за работа.