Афера „Чистa рака“: Уапсен македонскиот менаџер Силјановски
Драган Сиљаноски, агент на хрватскиот тренер Иван Леко од белгискиот клуб Бриж, е уапсен за перење пари и корупција во скандалот со наместените фудбалски натпревари.
Иван Леко, пред два дена, исто така, беше однесен на распит, но против него не беше издаден налог за апсење.
Информацијата за апсењето на Сиљаноски утринава беше потврдена од белгиското федерално обвинителство.
Сиљаноски (44) е поранешен македонски фудбалер, кој во текот на кариерата играл за белгискиот клуб Антверп. Во оваа полициско-обвинителска операција, исто така, се уапсени и Моги Бајат и Дејан Вељковиќ. Вељковиќ по потекло е од Србија и според белгиските медиуми е поврзан со повеќе белгиски клубови од Првата „Жупилер“ лига, каде сместил голем број фудбалери и тренери.
Првиот дел од оваа огромна судска истрага за корупција во фудбалот е фокусирана токму на Вељковиќ, кој е осомничен за трансфери на играчи од кои задржувал значајни провизии за себе и за играчите кои ги застапувал. Фондовите транзитирале преку судски ентитети во Србија, Црна Гора и Кипар, објаснија обвинителите.
Од друг дел на истрагата излегува дека Вељковиќ во договор со четири членови на административниот одбор на клубот „Малин“ влијаел врз резултатите на два натпревари, што веројатно вклучува договор со судијата Барт Вертентен.
Покрај тоа, има индиции дека бил воспоставен контакт со двајца новинари за да се влијае врз медиумската покриеност на перформансите на судијата Вертентен.
Овој скандал ја тресе белгиската јавност веќе втор ден. Во средата беше обелоденото дека широка европска истрага утврдила корупција, перење пари и обид за местење натпревари во 1А лигата во Белгија. Истрагата вклучува повеќе европски земји вклучително и Македонија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка