Аеросмит ја прекина турнејата во Јужна Америка
Американскиот рок бенд Аеросмит објави дека ја прекинува турнејата во Јужна Америка, бидејќи фронтменот на групата Стивен Тајлер (69) има здравствени проблеми.
Тајлер, на неговиот Твитер налог им порача на неговите фанови да не се грижат и оти тој е надвор од животна опасност, но дека мора итно да добие медицинска нега. Тој не прецизираше за што точно станува збор.
Пораката е упатена до сите во Јужна Америка - Бразил, Чиле, Аргентина и Мексико.
- Многу ми е жал, се чувствувам како да ве изневерив. Нема да можам да ги одржам последните четири настапи од оваа турнеја. Морав да се вратам во САД по лекарска препорака, посочи Стивен.
Аеросмит, е формирана во 1971 година, се една од највлијателните рок групи во САД. Досега имаат продадено 66,5 милиони албуми во САД и 12 пати имаат добиено мулти-платинум награди за нивните албуми.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората