Македонија
26. December 2018 - 23:21

Аеродром и Лисиче без парно поради голем дефект

Голем дефект на дистрибутивната мрежа предизвика испад на работата на топланите во 20:00 часот вечерва во скопските населби Аеродром и Лисиче.

Според БЕГ, во моментот екипите го лоцираат дефектот, со цел истиот да се изолира и да се воспостави нормален хидраулички режим на системот.