Македонија
12. November 2019 - 13:36

Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти

Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти, со цел да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот.

Со оваа мерка, како што соопштува Општината, директно ќе се вратат парите кај граѓаните.

-Мерката е наменета за лица до 28 години кои не остваруваат приходи од спортот, а се истакнале со досегашните постигнати резултати, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Огласот за пријавување трае 10 дена, заклучно со 21 ноември. Повеќе информации за критериумите и за начинот на аплицирање има на веб страната на Општината.