-->
-->
АЕК: Македонецот на мобилен во просек зборува по 3,5 часа месечно
-->
Агенцијата за електронски комуникации пресметала дека Македонците секој месец во зборување на мобилен телефон поминуваат во просек по 3,5 часа и уште половина час на фиксен. Според последната анализа на АЕК, во првите 3 месеци од годинава македонските граѓани на мобилен телефон разговарале вкупно 1,33 милијарди минути што значи дека во просек, секој од регистрираните нешто под 1,9 милиони активни броеви на мобилен поминал 702 минути или 11,7 часа. Ваквата анализа покажува дека корисниците секој ден во зборување на мобилен телефон поминуваат по 7 минути. Се разбира тука не е пресметано времето кое на телефон го поминуваме во скролање по социјалните мрежи и сурфање по интернет сајтовите.
Александар Спасовски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мијалков не ни даваше наредби за апсењето на Бошковски, сведочеа обвинетите полицајци
-
Како ќе се одрази полицискиот час врз економијата?
-
Во пандемијата раст на цените на лековите и медицинските услуги
-
Пред пола век Фрејзер го нокаутира Мохамед Али
-
Дебата во Дневникот - Калеска Ванчева од СДСМ и Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ за женските права
-
Од среда полициски час од 22 до 5 часот изутрина - Зошто се воведува?
-
Протест со барање одговорност за „Јавна соба“
-
Меган: Кралското семејство беше загрижено за бојата на кожата на мојот син