Бизнис
2. December 2019 - 8:47

АЕК ќе презентира податоци за квалитетот на мобилните мрежи и влијанието на 5Г

Квалитетот на јавните мобилни мрежи на национално ниво и влијанието на новите технологии врз здравјето на луѓето, ќе бидат теми на денешниот втор јавен сотанок за 2019 годна на Агенцијата за електронски комуникации.

Ќе бидат презентирани резултатите од мерењата на перформансите на мобилните оператори кои се направени со софистицирана опрема и методологија што се користи во Европа. Мерењата се однесуваат на кавалитеот на услугиите: говор, пристап до интернет, мрежно покривање и др.

На состанокот на АЕК ќе стане збор и за дилемите во јавноста дали воведувањето нови технологии претставува напредок или закана за човештворо поради зголеменото ниво на нејонизирачко зрачење, особено на 5Г технологијата во мобилните комуникациски услуги.