Македонија
13. August 2018 - 16:48

„Аџибадем Систина“: Пациентот со вградено вештачко срце безбедно си замина дома

-Можам сам да одам. Пак се изморувам, ама не толку многу како порано. Оди на подобро... изјави Горан Спиров од Штип, пациентот со вградено вештачко срце.

Расположен и позитивен пациентот со вградено вештачко срце си замина дома. 46 годишниот  штипјанец Горан Спиров после еден месец од операцијата во Клиничката болница “Аџибадем Систина” се чувствува добро. На одење се поздрави со сите кои изминатиот период се грижеле за неговото здравје.

-Пациентот е многу добро операвен, како и што предвидовме, според протоколот тој после еден месец од операцијата си заминува дома, изјави проф. д-р Александар Николиќ, шеф на одделот за кардиохирургија во Клиничката болница Аџибадем Систина.

Спиров поминал и посебна обука како сам да го одржува вештачкото срце.

-Последните две недели беше таа обука, како да се полнат батериите, ккао да се прикачат цревата за вештачкото срце кое е внатре во ранецот и се надевам дека се ќе б иде супер, додаде проф. Николиќ.

Професорот Николиќ кој заедно со неговиот тим за прв пат вградија вештачко срце во Македонија  се надева дека Спиров наредните шест години ќе има нормален живот  и ќе дочека трансплантација.