Македонија
11. December 2017 - 11:38

Адвокатски комори од регионот: Со соработка со посилна адвокатура и владеење на праваото

Адвокатските комори на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, членки на Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRRLN), во Скопје одржаа состанок, на кој ги разгледаа можностите за продолжување на регионалните проекти чија мисија е придонес кон владеењето на правото, демократијата и заштитата на човековите права преку зајакнување на независноста и ефикасноста на адвокатурата и адвокатските комори.

За нов претседател на Балканската регионална мрежа за владеење на правото од ноември 2017 година е претседателот на Адвокатската комора на РМ, Никола Додевски. 

- Проектите кои досега беа имплементирани со покажаа како успешни, но во иднина се надевам на поголем успех. Мрежата беше воспоставена заради подобрување на капацитетот на Коморите преку унапредување на независноста на професијата, подобрување на пристапот до правна помош и квалитетот на застапување во кривичните предмет, заштита на човековите права, истакна Додевски на состанокот што се одржа викендов.

Лиза Русо, правен експерт на ABA ROLLI, потенцирајќи ја важноста  на улогата на адвокатурата во едно општество истакна дека луѓето кои ги прават промените во едно општество не се ленови на Владата, туку адвокатите кои ги унапредуваат човековите права.

Користејќи компаративна анализа за практичните проблеми на одбраната во практичната постапка како основа, основачите на мрежата на BRRLN определија пет клучни области каде може да се подобри застапувањето на одбраната и тоа правна помош и ex officio одбрана, обука и образование, капацитети на коморите, кривично право и медиуми и поддигнување на јавната свест.

Работна група составена од членови од секоја од петте земји членки на BRRLN беше формирана околу секоја од овие суштински области.