Бизнис
3. February 2017 - 21:08

Адвокатската комора ги намали цените за договори во вредност од над 10.000 евра

Адвокатската комора ги намали тарифите за договорите со вредност од над 10.000 евра. Воедно, за состав на овие договори повеќе нема да се пресметува ни износот од 30 отсто на име паушал, соопшти денеска Адвокатската комора.
 
 Во соопштението се потенцира дека со овие измени на Адвокатската тарифа, Адвокатската комора дава придонес во заштитата на граѓаните и на правните субјекти од несразмерно оптеретување со трошоци.
 
- Доколку ваквиот став на Адвокатската комора го следат и останатите субјекти во постапките, со намалување на надоместоците на нотарите и извршителите во постапките, ќе дојде до значително финансиско олеснување на граѓаните и правните субјекти во остварување на нивните права во овие постапки, стои во соопштението од Адвокатската комора.