Македонија
23. November 2015 - 16:46

Адвокатот на Заев и СДСМ Филип Медарски е вистински одраз за пајажина во судскиот систем

Повеќе од 20 години македонското судство не може да се ослободи од мрежата на СДСМ. Роднински врски, непотизам и силни партиски влијанија создаваат лоша слика за правосудниот систем во кој синот е адвокат, мајката обвинител а сопругата судија.

Порталот Курир објави дека адвокатот на Заев и СДСМ Филип Медарски е вистински одраз за пајажина во судскиот систем.
Според информациите кои ги објави порталот, додека Филип Медарски му е адвокат на Заев во серијата кривични предмети кои се водат против него, неговата мајка, Елица Медарска е обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје. Истовремено, неговата сопруга, Софија Медарска работи како судијка во Основниот суд Скопје 2. Но тука не е крајот на семејната мрежа. Таткото на Софија Медарска Ристе Спасов е секретар на Судот а сестрата на Филип Медарска, Ана, работи на прием на тужби против Република Македонија во Стразбур.
Експертите велат дека во Македонија постои закон за спречување на судир на интереси и во ситуација кога роднини ќе се најдат во еден ист предмет еден од нив се иззема од постапката. Но тие коментираат дека не постои начин на кој ќе го спречи влијанието на родините. Според нив, кој може да гарантира дека мајката обвинител нема да ургира кај својот колега обвинител, да се издејствува одредена одлука во предметот во кој нејзиниот син е адвокат на обвинетиот.
Случајот Медарски е само еден пример за семејните кланови во македонското судство. Случајно или не, сите вакви примери се поврзуваат со опозициската СДСМ, партијата која според официјалните податоци избрала над 80% од македонските судии.
Само во еден ден во 1996 година, пратеничкиот состав на СДСМ избра неверојатни 600 судии и тоа на собраниска седница на која не присуствуваше тогашната опозиција.
За да биде лицемерието поголемо, СДСМ во последните години константно обвинува за пристрасност во правосудниот систем и недостаток на правда.
Од друга страна, опозициската партија не се откажува од инсталирање на кадри со сериозен судир на интереси на сите позиции каде што можат да извршат свое влијание.
Таков премиер е и ангажманот на Гаврил Бубевски во Специјалното јавно обвинителство  кој инаку е кумашин на вече посочениот Филип Медарски. Дека постои судир на интереси во случајот со Гаврил Бубевски потврди и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, но под силниот политички притисок на опозицијата која со изборот на Бубевски го условуваше донесувањето на изборниот законик кумашинот на Медарски стана дел од тимот на Катица Јанева.

По ова, освен својата мајка, сопруга, дедо и сестра, во кланот на Медарски влегува и неговиот кумашин што го става под сериозен знак прашалник непристрасното работење на специјалното обвинителство во случаите кои евентуално би се воделе против неговиот клиент, Зоран Заев.