Македонија
26. January 2021 - 16:54

Адвокатот на Трајковски бара изземање на обвинителот во „ТНТ“

Одбраната во предметот ТНТ бара смена за обвинителот кој го води случајот. Адвокатот Страшевски се соменева дека обвинителот Рустеми заедно со специјалната обвинителка Јанева, зеле пари од бизнисменот Амзоски за тогашното СЈО да го повлече обвинението против него. Во тоа тврди Страшевски, помогнал Бојан Јовановски.

„Една од главните причини е исплатата на 850 илајди евра кои пари се исплатени неколку денови пред повлекувањето на обвинението против Ардијан Амзоски кој исто така беше обвинет за незаконско градење заедно со Фијат Цаноски и нивната фирма Фине“, вели Јовица Страшевски, Адвокат.

Ваквиот сомнеж, вели Страешевски го поткрепиле пораките кои како докази биле изведени во случајот Меѓународен сојуз..

„На одржаните рочишта беа презентирани СМС пораки каде Јовановски комуницира со Амзоски и во кои тој се заблогодарува за завршената работа и побарува од него да продолжат со соработката“, вели Страшевски.

Државниот обвинител Јовески ќе треба да одлучи по барањето за земање на обвинителот Рустеми, а одлуката ќе биде соопштена на следното рочиште..

За уривањето на Космос обвинети се Груевски, Јанакиески, Трајковски и неколкумина вработени од општината Гази Баба..