Македонија
14. November 2016 - 16:20

Адвокатот на семејството Панчевски ќе бара надомест на штета

Државната второстепена комисија за инспекциски надзор го поништи решението на општина Центар за уривање на дел од објектот во сопственост на семејството Панчевски. Во образложението на двете одлуки, комисијата наведува дека овластениот градежен инспектор во овој случај направил повеќе од 25 тешки повреди на Законите за општа и управна постапка, за градење и за инспекциски надзор.

Тонско адвокат Благоја Поповски

За семејството Панчевски, одлуката на второстепената комисија е уште еден доказ за беззаконието на општина Центар и личната хајка на градоначалникот Жерновски кон инвеститорите. Во својата пишана реакција велат дека под притисок на актите против кои жалбата не го одложува извршувањето, тие одлучиле сами да го вратат објектот во состојбата пред законско издадените одобренија од градоначалникот Жерновски.   

„Дека ова е така покажува и последната изјава на гласноговорникот на Општината Кочо Стојчевски кој во петокот по добивање на решенијата од второстепената комисија без да воопшто биде согледана состојбата од општинската власт изречно прејудуцураше дека тие повторно ќе ги донесат истите решенија за рушење“, се вели во пишаната реакција на семејството Панчевски.

Тие најавуваат дека за надомест на штетата од 50.000 евра следната недела ќе поведат и тужба против општина Центар.