Фудбал
11. October 2018 - 0:08

Адвокатот на Роналдо: Документите против него се фабрикувани

Адвокатот на Кристијано Роналдо - Питер Кристијансен, ги негира обвинувањата против фудбалерот за силување на Американката Кетрин Мајорга во Лас Вегас во 2009 година.
 
Во соопштението се вели дека документите, кои наводно вклучуваат признанија на Роналдо за актот, се комплетна измислица. 
 
Според претставникот на фудбалерот, во 2015 година многу компании во Европа, вклучувајќи и правни, биле нападнати од хакер кој ги украл нивните електронски податоци. Тој се обидел да ги продаде овие информации, откако еден медиум („Дер Шпигел“) објавил некои од украдените документи, „големи делови од кои биле изменети и / или целосно фабрикувани“. 
 
Се посочува дека Роналдо останува зад неговата позиција дека она што се случило во Лас Вегас во 2009 година е резултат на заеднички договор.
 
- Кристијано Роналдо не негира дека се согласил за договор, но причините што довеле до него, се во најмала рака искривени. Договорот во никој случај не е признание за вина. Она што се случило е дека Кристијано Роналдо ги следел советите на неговите советници, за да стави крај на неквалификуваните обвинувања на негова адреса и да избегне обиди како оној на кој сме сведоци, чија цел е да го уништи угледот, изграден врз многу работа, спортски квалитети и правилен став, се вели во соопштението.