Македонија
19. November 2019 - 16:48

Адвокатот кој бараше „ТНТ“ да се преведе на албански заработи дисциплинска

Судењето за „Космос“ ќе продолжи со превод на албански, но документите во предметот ќе останат на македонски јазик..

Судот и адвокатската комора го одбија барањето на адвокатот Мерџан Даути да му се преведат материјалите за случајот ТНТ.. Вели дека тоа го барал согласно Законот за употреба на јазиците..

„Јас во сите расправи пред овој суд сум говорел македонски, но како што имаме ние сега Закон за употреба на јазиците, сметам и сум побарал само поради тоа, ништо друго“, вели Мерџан Даути, адвокат. 

Даути доаѓа на местото на адвокатот Димитар Дангов откако тој откажал да ја брани обвинетата Елисавета Најдова.. Ваквата ситуација, за судот била обид за одолговлекување на судењето..

„Евидентно е дека обвинетата, Дангов и Даути имаат намера за одолговлекување на процесот и злоупотреба на правото“, рече во судницата судијата Огнен Ставрев..

Случајот го следи и адвокатската комора од каде велат дека за Даути ќе има дисциплинска постапка оти ако не го познавал македонскиот јазик, не можел да биде ниту адвокат..

За предметот ТНТ досега се одржани 40-тина рочишта.. Обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски.. Одговараат за незаконско уривање на „Космос“.