-->
-->
Адвокатите на Јанева на боледување, можно е да добие одбрана по службена должност
-->
Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска и денеска не се појавиа на судењето за Рекет. Бранителите на Катица Јанева се на боледување. Го информирале судот дека поради здравствени причини не можат да присуствуваат на рочиштето. Кадиев бил во болница од 8 јануари а Фрчкоска отворила боледување на 20-ти месецов.
Поради ова судијата побара од обвинетата Катица Јанева да одговори дали ќе ангажира други адвокати. Таа објасни дека има бранители но одлука е на судот како ќе постапува.
Судијата Васка Масевска рочиштето го закажа за во понеделник и најави ако не дојдат адвокатите на Јанева, ќе побара од судот да назначи бранител по службена должност.
Во судница повторно на здравствената состојба се пожали обвинетиот Бојан Јовановски кој рече дека не е експериментален глушец па да не се земаат предвид препораките од здравствените работници.
Инаку Јовановски денеска од Апелациониот суд ќе бара укинување на притворот.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори