Македонија
30. September 2019 - 16:59

Адвокатите на Јанева извршија увид во доказите од Пи-мерките

Екс шефицата на СЈО, 10 дена била физички следена за случајот Рекет. Адвокатскиот тим на Катица Јанева, денеска ги анализирал доказите обезбедени со посебни истражни мерки. Одбраната на Јанева, открива дека се следеле и останатите осомничени за случајот. Движењата и контактите на Боки 13 и Зоки Кичеец биле надледувани еден месец. Адвокатите на поранешната специјална обвинителка велат дека во следните денови и Јанева ќе ја запознааат со доказите кои против неа ги поседува обвинителството. По ова, таа ќе ја даде и својата одбрана.

Аудио и видео снимки, искази на сведоци – се дел од доказите со кои обвинителството ја сомничи Јанева за злоупотреба на службената положба. Нејзните адвокати очекуваат да ги погледнат и вештачењата.

Трет ден адвокатите на Јанева прават увид во доказите за случајот рекет. Меѓу нив не се исказите на другите двајца осомничени. Од обвинителството велат дека тие не се дел од постапката и затоа ги нема во доказните материјали.