Македонија
8. July 2020 - 15:55

АДСДП предложи намалување за закупнините на деловните простории кои се во сопственост на Друштвото

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката- Скопје  ќе и предложи на Владата  намалување на закупнината на деловните простории на Друштвото, и тоа во целиот период на траење на мерките за заштита и превенција од вирусот КОВИД- 19.

На овој начин, закупците на угостителски објекти би плаќале  30% пониска закупнина на месечно ниво , а сите останати 20% пониска закупнина

Предлог мерката  беше договорена на состанок меѓу дел од закупците и раководството на Друштвото,а на кој Генералниот директор Кристијан Трајковски беше информиран за состојбата  и последиците со кои што се соочуваат.

Ваквото олеснување ќе можат да го користат само клиентите кои ќе ги подмират финансиските обврски, односно да не должат закупнина повеќе од 3 месеци, а правото ќе можат да го остварат и сите идни закупци кои ќе склучат договор за користење на деловен простор во сопственост на АДСДП.