Аднан Ќахил исклучен од Партијата за движење на Турците во Македонија
Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) ја информира јавноста дека со одлука на партиските органи; Аднан Ќахил е исклучен од партијата. Истовремено од Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е побарано негово разрешување од функцијата министер без ресор.
Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти.
Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење.
Со почит,
Прес центар
Партија за движење на Турците во Македонија
Ново на Сител
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција