Македонија
28. November 2018 - 11:11

Аднан Ќахил исклучен од Партијата за движење на Турците во Македонија

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП)  ја информира јавноста дека со одлука на партиските органи; Аднан Ќахил е исклучен од партијата. Истовремено од Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е побарано негово разрешување од функцијата министер без ресор.

Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти.

Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење.

Со почит,

Прес центар

Партија за движење на Турците во Македонија