Loading Video...
Кошарка
21. May 2020 - 15:15

Администрацијата на Трамп треба да помага во враќањето на НБА лигата

Последната информација од најсилната светска кошаркарска лига НБА вели дека екипите на 1 јуни ќе добијат конкретни упатства за подготовка на рестарт на шампионатот
 
Како што објавува признатиот НБА аналитичар Адријан Војнаровски, раководството на НБА лигата на клубовите најдоцна до 1 јуни ќе и даде конкретни упатства како да се подготвуваат за продолжување на прекинатиот шампионат. 
 
Првиот дел од планот ќе опфаќа враќање на играчите во клубовите, особено на „странците“ кои се вратиле во своите матични земји, за што комесарот на лигата Адам Силвер, ќе побара и помош од администрацијата на Доналд Трамп. 
 
Ваквата информација на Војнаровски се должи и на неодамнешната средба на сопственикот на Хјустон „Рокетс“, Тилман Фертита и Доналд Транм на која Претседателот на САД пројавил голем интерес за рестарт на лигата
 
Потоа ќе следува и дво неделен период во кој играчите ќе можат индивидуално да се подготвуваат, а пред комплетирањето на тимовите и заедничкиот тренажен процес. 
 
Иако засега од раководството на НБА лигата нема потврда на ваквите информации, најавите се дека лигата ќе продолжи во втората половина на месец јули, а како главни кандидати за организирање на натпреварите се поменуваат Лас Вегас и Орландо односно „Дизниленд“.