Администрацијата на Обама разгледува неколку пристапи за реакција на глобалната бегалска криза
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама разгледува неколку пристапи како одговор на глобалната бегалска криза, вклучувајќи ја и ситуацијата со раселувањето на бегалците, изјави портпаролот на Белата куќа Питер Бугор.
- Ние сме, исто така, во постојан контакт со земји од Блискиот Исток и Европа, кои беа сериозно погодени од зголемувањето на бегалскиот бран, додаде портпаролот.
Додека Европа се обидува да се справи со бегалската криза од сириската војна, одредени здруженија за заштита на бегалците ја прекорија американската власт за бавната реакција на случувањата.
Истовремено стотици Американци предложија да прифатат сириски бегалци во својот дом. Во онлајн петиција, 1.300 лица сметаат дека САД треба да дозволат на повеќе мигранти, кои бегаат од граѓанската војна да дојдат на американска територија.
Петицијата е на прогресивниот сајт Moveon.org и во неа се апелира САД да ги укинат ограничувањата за прием на сириски бегалци.
Иако се подготвени да прифатат сириски бегалци, некои луѓе, потписници на петицијата, изразуваат загриженост дека во САД можат да дојдат и терористи, преправен како бегалци.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море