Македонија
14. December 2019 - 16:46

Администрацијата чисти, граѓанските организации порачуваат да не остане на еден ден

Над 40 илјади административци чистеа ѓубре на повеќе од 20 локации во Скопје, но и низ целата држава. Со тоа го одработеа 2 јануари, кој  беше неработен ден.

Пластика, шишиња, отпушоци од цигари нејчесто завршуваат по тревниците и тротоарите, наместо во кантите за отпад. Буџетарите се едногласни дека вакви акции треба да има почесто за да се зачува животната средина.

Претставниците на власта се приклучија на акцијата. Премиерот Заев, министри, заменици министри можеа да се забележат со ракавици, вреќи и алат.

Заев вели дека државата има стратегија како да се справи со дивите депонии. Владата заедно со ЗЕЛС работи на регулација на депониите, бидејќи, како што рече Заев, ниту една депонија во Македонија не е легална, односно не ги исполнува стандардите според Законот за тврд отпад.

Од иницијативата „Не биди ѓубре“ се задоволни од количината на исчистен смет, но велат дека институциите се уште си ја префрлаат топката за тоа кој е надлежен за отпадот.

Во акцијата се приклучија и општините и јавните претпријатија. ЈСП организираше превоз за поодалечените места околу Скопје.

Министерот за животна средна, Насер Нуредини беше единствен кој на акцијата дојде со автобус заедно со службениците.

Сите останати носители на јавни функции се појавија со службените возила.